Израелската армија синоќа повторно испрати тенкови и војници во Појасот Газа за да нападнат оперативци и цели на екстремистичкиот Хамас, движењето кое од 2007 година е на власт во оваа палестинска енклава.
По неколку часа интервенции сите припадници на израелските сили се вратени на израелска територија и нема повредени или загинати војници.
Овие рации, најавуваат од израелскиот воен и државен врв, се претходница на пошироката копнена офанзива.
Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари синоќа изјави дека копнените упади ќе продолжат додека се подготвуваат следните фази од војната против Хамас.
МИА












