ТЕРА

REKLAMA???

Тешка е здравствената состојба на двегодишникот искасан од куче

Кучето кое го искаса двегодишното дете во населбата Баир не е одгледувано од семејството, а беше без чип. Ова е одговорот на вујкото на двегодишното дете којешто беше искасано од куче скитник и сега се наоѓа на опоравување на скопската клиничка болница.
Внучето на Самедин Канановски си играло во дворот, глутницата кучиња влегле во дворот и го растргнале детето влечкајќи го 200 метри надвор од дворот. Детето е во тешка здравствена состојба со повреди во пределот на вратот, стомакот и препоните. Канановски вели ќе треба долго време за заздравување на раните.

фотографија од Самедин Канановски

Со денешниот разговор со новинарите Канановски се обиде да ги разбие гласините дека кучињата биле одгледувани од месното население, што во форма на соопштение се појави во текот на викендот што измина од страна на Прифатилиштето „Хачико“. Не може глутница да биде одгледувана од еден човек, реагира на терминологијата којашто се употребува – маалски и кучиња скитници. И на Широк Сокак дуќанџиите ранат 50тина кучиња, дали и тие се маалски а не улични ( скитници н.з) прашува тој.
Семејството, како и многу други граѓани на општина Битола смета дека Општината е одговорна за се што се случува со бездомните, кучињата скитници.


„Луѓето се плашат од кучињата низ целиот град. Доагајќи наваму кај Шехерезада имаше, буквално на 100 метри од Општината му стојат кучињата.Општината не презема ништо.“

Доколку се работи за каснување од бездомно куче или мачка, оштетеното лице случајот треба да го пријави во Секторот за инспекциски работи во локалната самоуправа, покрај горенаведената процедура за пријавување, граѓанинот може да пријави и до надлежното прифатилиште за општината. Прифатилиштето, по службена должност го известува надлежниот официјален ветеринар дека има пријава за каснување од куче или мачка.