Во директен судир на два воза во Грција загинале најмалку 32 лица, а над 80 се повредени. Неколку вагони се запалиле по несреќата, која се случила на околу 350 километри северно од Атина, јавуваат грчките медиуми.

Судирот се случил во близина на градот Темпе.
На снимките кои ги објавија медиумите да се видат неколку превртени и опожарени вагони со скршени прозорци, од кои излегува густ чад.
Сударот меѓу патнички и товарен воз се случил на железничката траса меѓу Атина и Солун. Спасувачките опреации се во тек.

Локалните медиуми јавија дека во патничкиот воз, кој тргнал од Атина околу 19:30 часот синоќа, патувале околу 350 луѓе. Пожарникарите рекоа дека биле известени за несреќата непосредно пред полноќ во вторник.

Претставници на болницата во блискиот град Лариса изјавија дека најмалку 25 од повредените имаат сериозни повреди.












