ТЕРА

REKLAMA???

ТРАМП ЌЕ ПАТРОЛИРА СО НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА НИЗ ВАШИНГТОН

Американскиот претседател Доналд Трамп, како што јавуваат медиумите, ќе патролирал со Националната гарда по улиците на Вашингтон.

„Како друго место е. Сега сите се безбедни. Ќе го имаме најдобриот главен град досега“, рече Трамп во објектот во Аноксија, кој служи како седиште за југоисточниот дел на Вашингтон.

Тој вечерва ќе патролира по улиците на Вашингтон со полицијата и војската по минатонеделното распоредување на околу 800 припадници на Националната гарда во главниот град.

Трамп минатата недела распореди војници на Националната гарда и федерални агенти во Вашингтон, изјавувајќи дека привремено ја презема градската полициска станица поради бран насилни злосторства, обвинение што градските власти го негираа.