Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Чикаго и Њујорк, градови управувани од демократите, ќе бидат следните што ќе бидат ставени под контрола на федералните сили, како главниот град Вашингтон, со цел борба против криминалот, пишува агенцијата МИА.
Трамп минатата недела изјави дека криминалот во главниот град на САД е надвор од контрола и распореди припадници на Национална гарда и федерални агенти на улиците на Вашингтон.
„Мислам дека Чикаго ќе биде нашата следна цел, а потоа ќе му помогнеме на Њујорк“, рече Трамп.













