ТЕРА

REKLAMA???

ТРЕТА ЕМИСИЈА ОД СЕРИЈАЛОТ „ЧУЈТЕ СРБИ, ЧУВАЈТЕ СЕ СЕБЕ“

Во третата емисија од серијалот „Чујте Срби, чувајте се“, реализирана од Телевизија Тера и во организација на Заедницата на Србите во Македонија, ќе се потсетиме на историски моменти важни за постоењето на двете држави – и Србија и Македонија. 

Многу значајна историска битка е Кумановската битка која се случила на 23ти и 24ти октомври 1912 година, кога 90 илјадна српска војска во која учествувале и Маедонци се судрила со османлиската војска и ја поразила. Од овој момент започнува и падот на Османлиското царство на Балканскиот Полуостров.

Зебрњак била клучна стратешка позиција. Лоциран на 6км од Куманово, покрај патот кон Младо Нагоричане. Уште во 1922 година група српски воени ветерани формираа одбор со цел да се подигне споменик на загинатите војници во Кумановската битка.

Задачата за овој споменик му била доверена на Момир Коруновиќ, архитект од попско семејство.

Спомен костурницата имала свој зачеток во 1937 година, на 25 годишнината од Кумановската битка. Тука се положени телата на околу 700 српски и македонски војници.

Во Куманово оваа година се отвори почесниот конзулат на Република Србија.Почесен конзул е господинот Владимир Стајиќ.

Церемонијалот на откривање на плочата на конзулатот го предводеше Министерот за труд, вработување и социјални прашања на Србија, Немања Старовиќ.

Целата емисија може да ја проследите на линкот: