Здружението на пензионери го отвори третиот пензионерски клуб во Битола – место кадешто членовите на здружението, пензионерите генерално ќе може да одржуваат средби, да организираат најразлични активности.
.
Третиот пензионерски клуб се отвора во месниот огранок „Вељко Влаховиќ“, еден од поголемите во градот по број на членови – над 850. Ова е завршување на проектот за кој се зборувало на состаноците на ова здружение, а донесена била одлука на извршниот одбор и Собранието на Здружението на пензионери
„На заемно задоволство можам да ве известам дека денес го реалзииравме целосно нашето ветување во интерес на нашите членови, пензионерите , го отввораме третиот клуб којшто ни беше планиран во овој месец. Здружението на пензионери брои 20.000 членови. Досега, со кубот во Здружението и овие три имаме четири клубови. Овие ќе бидат сопственост на Здружението на пензионери како капитал којшто ќе остане, не само за нашата генерација туку и за генерациите коишто доаѓаат.“ – рече денеска претседателката на битолскиот огранок од Здружение на пензионери Даница Петличкова.

Ова е храбар чекор во обезбедување на услови на пензионерите да имаат свои катчиња кадешто ќе може да се дружат и на креативен начин да го искористат слободното време, вели Петличкова.
„Да пензионерите овде ќе може да си го користат слободното време во играње на шах, домино, карти, битолскиот бељот, ќе гледаат телевизија, ќе следат натпревари, ќе навиваат…Ќе биде исполнето нивното време. Во нашите програмски активности и други активности, имаме пејачка група со која Здружението настапува на регионалните ревии на песна, музика и игри , спортски натпревари – на регионалните ние бевме домаќини, а еве сега на 10 септември одиме во Скопје на Републичките спортски игри. Настаапваме со две дисциплини кои освоија пет места на општинските натпревари.“ – вели Петличкова за активностите на Здружението.
Додаде, дека по отворањето на овој, третиот клуб, тоа што го договориле / ветиле на членовите како раководство го исполниле , со тоа што, не само што програмските активности според Програмата за работа, туку сепак направиле и плус активности.
Трите новоотворени клубови се финансираат од членарината на пензионерите. Тоа подразбира дека членарината од секој поединечно завршува во функција на сите заедно, вели Петличкова.












