По повод одбележување на 2- ри Април Светскиот ден за подигнување на јавната свест за аутизмот беше одржана интерактивна трибина под мотото ,,ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ” во организација на Комисијата за труд, социјална политика, демографија и родови прашања, Комисијата за образование, Унијата на жени и Унијата на млади сили ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола. На трибината се говореше за комуникацијата кај деца со аутизам, образованието и аутизмот, родителството и аутизмот, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ Битола.
Заклучоците кои беа донесени на оваа трибина се:
* јавната свест за аутизмот во Македонија се уште е на ниско ниво
* децата со аутизам недоволно и ненавремено добиваат стручни третмани
* недостасува раната детекција, дијагностика и ран третман на децата со аутизам
* родителите се уште се изложени на големи финансиски трошоци заради потребата од стручен третман и посебен режим на исхрана кај децата со аутизам
* подготвеноста и условите за успешното спроведување на целосната инклузија се на многу ниско ниво
* потребно е формирање на повеќе тимови за спроведување на МКФ проценка за секој регион
* лицата со аутизам во нашата држава имаат голем проблем со пазарот на труд
Исто така на трибината беа дадени и многубројни предлози за успешно справување и решавање на проблемите и предизвиците за децата и лицата со аутизам за кои ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе се заложи да ги имплементира и реализира, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ Битола.



















