„СДСМ е демократска партија која што ја води државата во најтешките моменти, така е и сега“ ова е пораката од трибината во Могила на која се промовираа позитивните политики и законски решенија на владата предводена од СДСМ, соопштија од партијата.

На трибината свое обраќање имаа пратеникот Миле Талевски, раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Методија Илиевски , регионалните координатори Александар Цуцулоски и Благоја Гешовски и претседателот на ОО СДСМ Могила, Зоран Ристевски.

„Пораките од граѓаните се примени, планот за идните активности е направен“ велат од СДСМ.













