ТЕРА

REKLAMA???

ТРИ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА

Битолската полиција соопшти дека синоќа во 21.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„РужаДелчева“ во Битола, мопед „априлија“со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Битола, удрил во 70 годишен пешак од Битола и во паркирано возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетна сопатничка на мопедот, додека пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола.