ТЕРА

REKLAMA???

“ТРИ МАРИИ” НА РУСКИ

Во Москва излезе од печат романот “Три Марии” на Оливера Ќорвезироска.

“Три Марии” е осмо дело во проектот “Македонскиот роман на 21 век” коj Олга Панкина, познат популаризатор на македонските културни вредности во Русија, го конципира и почна да го реализира во 2014 година во соработка со реномираниот руски издавач Центар за книга “Рудомино” кој обезбедува натамошна дистрибуција на книгите на големото руско јазично подрачје.

Во рамките на тој значаен за двете земји проект досега беа објавени романите: “Храпешко” на Ермис Лафазановски, “Водена пирамида (Патот на јагулите)” на Луан Старова, “Дваесет и првиот” на Томислав Османли, “Азбука за непослушните” на Венко Андоновски, “Маџун” на Влада Урошевиќ, “Фантомско стапало” на Блаже Миневски и “Папокот на светлината” на Венко Андоновски. За романот “Папокот на светлината” во 2023 година Венко Андоновски како автор и Олга Панкина како преведувач ја добија меѓународната книжевна награда “Jаснаја Полјана”. За прв пат во историјата на оваа значајна награда во номинација “странска литература” таа беше доделена на писател од една словенска земја – токму од Македонија.

Романот “Три Марии”, како и сите седум претходни книги, е издаден многу квалитетно, во тврд повез, изгледа многу современо. На корицата е фрагмент од сликата “Бош” на македонскиот уметник и писател Славко Jаневски.