Државниот завод за статистика излезе со податоците за бројот на туристи кои во првиот месец од годината ја посетиле нашата држава по разни основи. Најмногу не посетувале Турци, спиеле по хотели. Ниту еден државјанин на Исланд не ја посетил Македонија во јануари 2025 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2025 година изнесува 49 870, од кои 36.8 % се домашни туристи, а 63.2 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во јануари 2025 година изнесува 106 894, странци доаѓале и преспивале овде, повеше отколку што тоа го правеле домашните туристи – соодносот е 57%,5 ноќевања од странци наспроти 42,5% од домашните што посетувале македонски градови.
Споредувањето на месеците – декември и јануари зборува дека во јануари 2025 година имало повеќе туристи од декември, и покрај новогодишните празници . Порастот во јануари бил за 4.4% повеќе од декември.
Според видовите туристички места и видовите објекти за сместување, категоризациајта на Државниот завод за статистика вели : Скопје, па Бањски места, Планински места, Езерски места и други места. Како и да е, најголем број туристи имало во Скопје – 18.896 во првиот месец од годината, на второ место по туристичка посетеност се Езерските места – регистрирале 11.817 туристи, потоа следуваат Другите места со 8.516 примени туристи, па планинските места со 7.530 регистрирани туристи. На бањи отишле само 3.111 туристи.
Овие сите преферирале да бидат сместени во хотели. Најголем број туристи примиле хотелите со 4 звезди – 19.023, па тие со 5 ѕвезди -17.170 туристи. Домашните туристи не оделе по хотели, па и во двете категории хотели со ѕвезди се регистрираат 5,5 илјади односно 3.955 туристи. Но затоа пак странците повеќе ги бендисуваат нашите хотели – од 19,5 илјади туристи кои спиеле по хотели со 4 ѕвезди- 13.,5 биле странци .
Домашните туристи пак од објекти за сместување повеќе ги користеле куќите, становите за одмор и собите што може да ги изнајмат. – вкупно ги искористиле 4.038 туристи, од нив 3.935 биле домашни туристи. Во јануари за сместување се користеле и некатегоризирани објекти, а многу малку планински домови и куќи. Тројца странски туристи кои очигледно биле во голем зорт искористиле сместување низ македонските мотели.
Според националната припадност – Турците се доминантните туристи кои ја посетуваат Македонија – статистика вели 8.510 регистрирани туристи. Неколку степени потоа се Грците, со 3.016 регистрирани туристи и Срби- 3.107. Во Македонија влегувале и Косовски државјани – 2.064, Бугари, Албанци и Германци. Овие последните 1.005 на број. Тројца туристи дошле од Луксембург, а ниту еден од Исланд.
Бројот на домашните туристи во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, е намален за 4.9 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 10.8 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, е намален за 7.9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 16.5 %.
Извор: ДЗС
Фото насловна: unsplash












