Германската полиција соопшти дека 15-годишник е уапсен во врска со нападот со нож во градот Солинген.
Тој е приведен откако две жени пријавиле дека слушнале како 15-годишникот и друго лице зборуваат за нападот.
Тинејџерот е осомничен дека однапред знаел за нападот и не пријавил во полиција.
Се уште не е познат идентитетот на напаѓачот. Додека едно лице е во притвор, истражителите се уште утврдуваат кој точно го извршил нападот.
Нападот се случи на одбележувањето на 650-годишнината од постоењето на градот, кога непознато лице околу 21:40 часот со нож уби три лица, рани осум од кои петмина потешко.
Жртвите се двајца мажи на возраст од 67 и 57 години и една жена на возраст од 56 години.
Како што наведуваат странските медиуми, тој ги нападнал посетителите токму пред бината и дека биле убиени една жена и двајца мажи.












