ТЕРА

REKLAMA???

УБЕДЛИВ ПОРАЗ НА КК ПЕЛИСТЕР ВО „ЈАНЕ САНДАНСКИ“, МЗТ СКОПЈЕ НА ЧЕКОР ДО НОВА ТИТУЛА

Екипата на МЗТ Скопје одигра феноменални први дваесет минути во кои направи голема предност, на крај, стигна и до повеќе од убедливи 86-62 против Пелистер и водство 2-1 во финалето, на чекор од титула.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром одново ја искористија предноста која им ја носи домашниот терен. И на вториот натпревар одигра во СЦ „Јане Сандански“ беа убедливи против предизвикувачот, екипата на Пелистер, па веќе на наредниот меч ќе ја бараат шансата за деветта шампионска титула.

Двојно поголеми (54-27) имаше актуелниот шампион на Македонија во третиот меч од финалето на плеј-офот за шампионската титула. Сето тоа благодарение на одлично одиграната втора четвртина во која „сино-белите“ пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“, обезбедија двојно повисоки 27. поени предност.

Не дека и претходно беше различно, од причина што МЗТ Скопје Аеродом уште во раната фаза, односно на истекот на првата четвртина, имаше вишок, нависстина од „само“ девет поени (28-19).

Во тоа прво полувреме, поентерски се одвоија Милошевиќ со 16, и Дејвис кој даде десет, односно Војдан Стојановски кој беше стрелец на девет поени.

По две одиграни минути од третиот период, „металците“ имаа уште повисоки (63-30), што беше знак плус дека овој меч, третиот од финалната серија загуби на значење, особено за гостинската екипа која во Аеродром едноставно не делуваше како екипа-финалист.

Како одминуваа минутите така паѓаше и оној морал кој претходно беше присутен кај гостинските кошаркари. На истекот на третиот период, домашната екипа имаше уште поголеми (71-39).

Шанса за „поправен“, и нова неисвеснот во битката за титулата, кошаркарите од Битола ќе имаат во петок навечер, на свој терен, во салата „Боро Чурлевски“ за кога е закажан и четвртиот натпревар од финалето.

МЗТ Скопје има две-меч топки во обидите да ја одбрани титулата…