Државниот завод за статистика информира дека цените во Хорека секторот се зголемени за околу 5%. Тоа не влијае на странските туристи, само за домашните. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има планови во оваа и следната година државата од туризам да инкасира околу милјарда долари.
Цените на угостителските услуги во јули 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемен за 4.8 %, соопшти Државниот завод за статистика. Ова подразбира дека кафе еспресо што лани сте го пиеле за 80 до 100 денари годинава се плаќа од 80 до 130 денари, а некои фенси кфиња може да ве чинат и 180-200 денари. Колку што може низ државата да ве чини најмалата салата – од 180 до 300 или дури и 320 денари во зависност од составот и големината, но притоа да не се работи за некои морски или егзотични производи во неа. Пицата којашто лани се купувала за 280 до 350 денари, годинава во јули чинела 350 до 400 денари. Вината и пивата се засебна приказна, колку поексклузивно толку поскапо.

Ваквите цени не претставуваат проблем за странските туристи кои доаѓаат, вели статистиката на посетеност на државата. Последната објавена од истиот извор вели дека во мај низ државата туристички шпартале 106.илјади 604 туристи. Нивниот сооднос странци наспроти домашни оди во прилог на странските гости и изнесува 74,5% наспроти 25.5% домашни туристи.
Оваа бројна во годината по епидемијата на КОВИД е далеку од предвидувањата на Агенцијата за развој на туризмот во Македонија којашто за ланската година информираше дека и планираниот буџет за промоција на македонскиот туризам и предвидените планови за инкасирање пари се остварени.

Во плановите за 2024 година стои дека се очекуваат 3,2 милиони ноќевања ( без разлика дали се странци, домашни или семинарски туристи) и инкасирање на 530 милиони долари девизен прилив од туризмот што би било над 4% внес во бруто домашниот произвоид. За 2025 година се предвидени 4,3 милиони ноќевања со 600 милиони долари туристички приход и 3000 нови работни места до 2025 година. Ова би се реализирало доколку се усвои програмата за промоција на државата, сместувачките капацитети, патувачките атракции и угостителските услуги.

Оние 106 илјади туристи во мај годинава направиле 200 илјади преспивања. Познавачите велат за скептицизам нема простор затоа што летните месеци се најдобриот показател дали државата добро планирала и станала посакувана туристичка атракција за туристи на кои не им е грижа дали еспресото годинава чини 1 евро повеќе од лани. Домашните туристи во слободен говор ја прават споредбата на цените за сите угостителски услуги со соседните земји кадешто еврото е платежната валута.
Фото: АППТ













