ТЕРА

REKLAMA???

УКЛО ВО ЧЕСТ НА 65 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА МНД

Со мултидисциплинарна програма Универзитетот Св. Климент Охридски го одбележува денот на своето основање. Во текот на четири денови организраат серија настани кои ја манифестираат образовната, научната традиција и европските образовни хоризонти. Започнаа со одбележувањето на 65 годишнината од формирањето на македонското научно друштво.

Чувствувајте се како дома – им порача денеска ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски , проф. Д-р Игор Неделковски на претседателството и членови на Македонското научно друштво кои беа на одбележувањето на 65 годишната од постоењето.

На 25 април 1960 година, во оваа зграда првпат ентузијасти од македонија увидоа и одлучија дека има потреба од здружување на научните работници и уметниците. Го основаа Битолското научно друштво. Десет години подоцна 20тина од нив во истата, зградата на денешниот Ректорат го основаа Универзитетот – рече ректорот Неделковски на денешната свеченост во салата за состаноци. Настанот насловен „Историски час за Македонското научно друштво“ беше „едукативен осврт кон формирањето на македонската научна мисла и нејзината улога во етаблирањето на академскиот идентите на државата.

Претседателката на МНД – прф. Д-р Даниела Андоновска Трајковска во своето обраќање потенцираше дека улогата на Македонското научно друштво е потврда на желбата за развој на науката во Битола. До денес е институција посветена на науката, образованието, уметноста, културата што делува преку различни настани – научни предавања, изложби, трибини, истражувања,  што ги реализираат 7 те одделенија: одделение за општествени науки, одделение за правни науки, природни науки, применети науки и медицина, одделение за технички науки, одделение за уметност, за лингвистика и литература и одделение за историско-географски науки.

Пред 60 години, иницијаторите станаа и основачи и првите членови на Битолското, денес Македонското научно друштво во Битола – Олга Кривашија, Јован Д. Кочанковски, Живко Паришко,Велимир Костовски, Александар Тодоровски, Милош Константинов, Тодорка Дога, Кочо Цингаровски ,Душан Хр.Константинов, Томе Ивановски, Владимир Чакар, Томе Ристевски. Оттогаш до денес научното Друштво има преку 254 членови – сите врвни во областите во кои делуваат.

Македонското научно друштво, како асоциран партнер во КОЛОРС Алијансата, ја зацврстува својата релевантност на полето на современата научна и образовна сцена.