УКЛО и УКИМ во 2027 година ќе бидат домаќини на најважната и најпрестижна европска конференција за криминалот – неговата превенција. Конференцијата претставува можност за пренесување на знаења и практики, презентација на истражувачка работа, согледување на современите текови и вмрежување за заокружување на релациите и на високообразовните институции и на институциите кои се справуваат односно работат на превенција на криминалот во европски рамки.


Интензивната работа на факултетските единици и ректорската управа на Универзитетот Свети Климент Охридски од ден на ден ја манифестира својата успешна промоција локално и надвор од државата. Денеска низ форматот прес конференција ја најавија организацијата на 27-та по ред европска конференција на криминолози .


Еурокрајм е годишна конференција на Европското здружение за криминологија. Им дава можност на членовите да презентураат трудови за резултатите од нивните сопствени истражувачки проекти и да научат, да се информираат за најновите достигнувања низ Европа. Правните факултети од Унниверзитетите Св. Климент Охридски и Св. Кирил и Методиј ја добија организацијата на конференцијата што ќе се реализира во 2027 година.


Конференциите досега се покажаа како важна платформа за нови паневроспки истражувачки иницијативи. Оваа организација ја става и земјава на повисоко ниво во однос на европската заедничка битка со криминалот, помага во промоцијата на знаењата и практиките кај нас и споредба со европските, светски.
повеќе за најавената конференција за криминологија,
на линкот што ве носи до YouTube












