ТЕРА

REKLAMA???

УКЛО КОЛОРС – Европска диплома сега

УКЛО КОЛОРС  денеска одржа  голема тркалезна маса на тема: „Конструирање на европска диплома преку заеднички студиски програми“, со силен поднаслов: „Европската диплома започнува од дома”.

Претставници на партнерските универзитети од Италија и Латвија, претставници од Европската комисија и Делегацијата на ЕУ во Македонија и македонските универзитети кои се дел од Европските универзитетски алијанси и алијансата на Западен Балкан, предводени од работната група којашто веќе две години работи на реализацијата на идејата за заедничка а европска диплома, треба на конференцијата да донесат конкретен документ кој ќе подразбира основа за дијалог со креаторите на политиките во државите кои се дел од алијансата Колорс.

Настанот обединува широк спектар на клучни меѓународни и домашни чинители: овде се претставници на партнерските универзитети од Алијансата КОЛОРС од Италија и Латвија, претставници од Европската комисија и Делегацијата на ЕУ во Македонија, претставници на македонските универзитети кои се дел од Европските универзитетски алијанси, Асоцијацијата на алумни од Западен Балкан, македонската Агенција за квалитет на високото образование . Сите веќе заеднички ги согледале сите предизвици со кои се соочуваат.

Во целосната работа се користи досегашно искуство, во кое своја улога има и алимни асоцијацијата на мрежата Западен Балкан.

„Ние можеме да го дадеме нашето мислење и да го споделиме искуството и перспективата од гледиштето на Ерасмус плус , нашата мрежа брои преку 1000 членови кои го искусиле студирањето во странство и заедничките дипломи. Оттука ние сме релевантен партнер во процесот. “  вели Стојановиќ, додавајќи дека еден од големите предизвици не е различната законска регулатива туку повеќе недоволната информираност за можностите што ги овозможуваат европските програми, особено програмите за мобилност на Ерасмус.

Законската регулатива треба да претрпи измени кај сите држави кои ќе се вклучат во промените кај себе, во својата наставна програма на одредени т.н универзални факултети, а тоа кај нас во Македонија ќе се одвива најпрвин преку агенцијата за квалитет во високото образование.

Корените за оваа револуционерна дискусија беа поставени минатата година кога УКЛО КОЛОРС ја потпиша конвенцијата за првата заедничка диплома во Алијансата — преку новата студиска програма Мастер МИНД (иницирана од Економски факултет – Прилеп). На крајот од денешната конференција треба да произлезе конкретен документ за дијалог со креатирите на политики во Македонија и ЕУ. Сите присутни, панелисти и соговорници на медиумите се единствени вцо заклучокот дека ова е директен придонес кон плановите и инструментите за раст, развој и целосна интеграција на Западен Балкан во развиена Европа.