ТЕРА

REKLAMA???

УКРАИНА И МОЛДАВИЈА ДОБИЈА КАНДИДАТСКИ СТАТУС ЗА ЕУ

Давањето на Украина кандидатски статус за членство во Европската унија е „појдовна точка на новата историја на Европа“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по самитот на ЕУ во Брисел.

„Денеска ја донесовте една од најважните одлуки за Украина од нејзината независност пред триесет години. Ова е најголемиот чекор кон политичкото зајакнување на Европа“, рече Зеленски во говорот на видео конференцијата во Киев.

На самитот на шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ во Брисел вчера беше донесена одлука да им се даде кандидатски статус на Украина и на Молдавија со што, како што оцени претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, е почеток на долг и комплексен процес на членство.