Канада следниот месец ќе и испорача на Украина дронови, муниција и оклопни возила во вредност од речиси милијарда канадски долари (750 милиони американски долари), најави канадскиот премиер Марк Карни, кој беше е во посета на Киев по повод Денот на независноста на Украина.
Канадскиот премиер, како што пренесува Укринформ, кажа дека на самитот на Г-7 во јуни, Канада ветила дека ќе обезбеди дополнителна воена помош за Украина во вредност од две милијарди канадски долари (1,5 милијарди американски долари).
Тој додаде дека Канада, исто така, ќе обезбеди десетици милиони канадски долари за итна медицинска помош, изградба на засолништа од бомби и зајакнување на демократските институции во Украина, вклучително и поддршка за справување со сајбер напади.
Благодарност за новиот пакет канадска воена помош за Украина изрази генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
МИА













