ТЕРА

REKLAMA???

УКРАИНА ЈА ОБВИНИ РУСИЈА ДЕКА ОШТЕТИЛА ГОЛЕМА БРАНА КАЈ ХЕРСОН

Украина ги обвини руските сили за кревање во воздух на големата брана и хидроцентралата Каховка во делот на јужна Украина што тие го контролираат, пишува Радио Слободна Европа.

„Неколку села се целосно или делумно поплавени и започната е евакуација од областа“, изјави во вторникот украински официјален претставник.

Олександр Прокудин, шеф на воената администрација во Херсон изјави дека околу 16 000 луѓе се наоѓаат во критичната зона на десниот брег на регионот Херсон, додавајќи дека има поплави во осум области долж реката Днепар.

Украина им нареди на жителите во оваа област да се евакуираат.

Руската новинска агенција Тас цитираше неименуван руски владин функционер кој рекол дека браната „се срушила“ поради оштетување.