ТЕРА

REKLAMA???

УКРАИНСКИТЕ СИЛИ СЕ ПОВЛЕКЛЕ ОД ЛИСИЧАНСК

Украинските сили се повлекоа од бомбардираниот град Лисичанск, што ја натера Русија да побара целосна контрола врз источниот регион Луганск, но претседателот Володимир Зеленски вети дека ќе ја врати изгубената територија.

„Ако командантите на нашата армија ги повлечат луѓето од одредени точки на фронтот, каде што непријателот има најголема предност во огнената моќ, а тоа важи и за Лисичанск, тоа значи само едно – дека ќе се вратиме благодарение на нашата тактика и благодарение на зголемувањето на понудата на модерно оружје“, рече тој во неговото синоќешно обраќање, пишува Радио Слободна Европа.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му соопштил на претседателот Владимир Путин дека руската војска ја зазела целата територија на источниот регион Луганск на Украина, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесе ТАСС.

Украинската воена команда на 3 јули призна дека нејзините сили се повлекле од Лисичанск, велејќи дека одлучиле да се повлечат за да ги спасат животите на нејзините војници.