Украинското Министерство за одбрана тврди дека руските сили спроведуваат „офанзивни операции“ на фабриката за челик Азовстал во Мариупол, каде што се уште се стационирани стотици украински борци.
Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, рече дека руските сили ја започнале опсадата на железарницата откако конвојот на ОН го напуштил Доњецк.
„Русите се обидоа да го кренат во воздух мостот што беше користен за евакуација за да ги фатат последните неколку бранители внатре“, рече тој. Нема независна потврда за оваа информација.












