Вака беше на минатата ретро журка „Орфеј“ која се случи на почетокот на август. Утре се одржува втората за годинава, а трета по ред. Ќе се потсетат на годините поминати во клубот „Орфеј“ кој бил симбол на младоста, дружбите и незаборавните журки на три генерации. Ако мината беше насловена „Влез само за парови“, оваа ќе се одржи под мотото „Старо и младо во Расчекор до зори журката да не спои“.
Марио Трифуновски сопственик на клубот „Расчекор“ кој во името на тие времиња, кога и сам беше организатор на забави во “Орфеј“, ги отворa вратите на клубот и за оваа ретро-журка.
За музиката задолжени ќе бидат битолските ди-џеи Николче Терзиевски, Благој Анастасов и Златко Самарџиев.
Третата по ред ретро журка „Орфеј“ е утревечер во ноќниот клуб „Расчекор“ со почеток од 21 до 4 часот по полноќ . Организаторите ветувааат голем број изненадувања. Упатија повик до сите граѓани на како што рекоа незаборавна забава и дружба.













