ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕВЕЧЕР Е НАЈНОВАТА ПРЕМИЕРА НА БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР „ЧОРБАЏИ ТЕОДОС“

В понеделник (26 мај ) битолскиот народен театар премиерно ќе ја одигра претставата „Чорбаџи Теодос“, во режија на дипломецот Дамјан Димовски.

Богати или сиромашни, угледни или помалку признаени од заедницата во којашто се живее, пред 88 години или сега, луѓето се соочуваат со предизвиците на општото мислење што никој не знае кога се креирало, ама сите страдаат.

Овој текст на сцената на овој театар се поставува по четврт пат, потсети директорт Мавровски, еднаш во 1946 година, во 1962 година, 1979 година и сега. Ова е култен текст за македонската драматургија, а за режисерот Дамјан Димовски предизвикот се наоѓа во фактот дека нештата се повторуваат. Ова е негова дипломска претстава.

Не смее меѓусебното осудување и отфрлање на различниот меѓу нас да биде водилка во животит на луѓето, вели режисерот Димовски кој за оваа претстава работеше директно со драматургот Билјана Крајчевска, сценографот Валентин Светозарев, костимографот Благој Мицевски, и Александар Димовски како човек кој стои зад изборот на музика.

Живко Борисовски е надмениот и груб чорбаџија Теодос, а улогите се поделени и на Марија Стефановска, Александар Димитровски, Никола Стефанов, Сандра Грибовска Илиевска, Елена Моше, Никола Пројчевски, Александар Копања, Петар Спировски, Марија Цветановска.

Ние во театарот земаме различни приказни од различни медиуми, поставуваме и одговараме прашања, достигнуваме до некакви концепти за решавање на современите проблеми , но хуморот е една од најважните алатки во потрагата по одговорот на натрупаните негативни прашања“ – рече драматургот на оваа поставка на Чорбаџи Теодос, Билјана Крајчевска, објаснувајќи го осовременувањето на процесот.

Поставувањето на оваа претстава дава ветер во едра и на театарот и на младиот режисер, како што за себе вели Димовски. Благој Мицевски зборуваше како член на уметничкиот совет на театарот, потсети дека Иљоски е еден од основоположниците на македонската драмска литература и театар и дека неговите дела се составен дел од секоја наставна програма.

Премиерата на претставата „Чорбаџи Теодос“ е закажана за в понеделник на 26 мај, во 20.00 часот. Веќе следниот ден на 27 мај, ќе се одигра и првата реприза.