ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ БАДНИКОВИТЕ ЗВЕЗДИ ЌЕ ГО ОБОЈАТ ШИРОК СОКАК

Годинава, „Бадниковите поворки“, како најголема народно-културна и духовна манифестација во земјава, посветена на радосното и достоинствено најавување на Христовото Рождество – Божик, ќе се одржат во рекордни 80 градови и населени места низ Македонија, како и во македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави, обединувајќи илјадници деца, семејства и заедници во духот на радоста, светлината и заедништвото на празникот.

Здружението „Бадникови поворки“ ги поканува сите граѓани, семејства и деца да се приклучат на „Бадниковите поворки 2026“. Не е потребно претходно пријавување. Со оваа манифестација, веќе 16 години, Бадниковите поворки се симбол на светлина, заедништво и достоинствено празнување на Бадник во Македонија и пошироко.

Утре во Битола Бадниковата Поворка, носејќи ја Бадниковата ѕвезда во 12 часот тргува од Плоштадот Магнолија, а потоа ќе се движи кон Офицерскиот дом. На утрешната Поворка ќе се пее Каландата ,,Вечниот Бог”. Се гледаме утре во голем број, од многу грла да ја испееме песната, со ѕвезда во раката да го најавиме Христовото Раѓање!, порачаа од Бадникови поворки Битола.