Утре, на 14 јануари со почеток во 09:00 часот, во битолското село Маловишта ќе се одржи традиционалниот „Василичарски карневал 2026“, настан со вековната традиција.
Организаторите на карневалот најавуваат веселба за сите генерациии и ги повикуваат граѓаните заеднички да ја одбележат традицијата во ова битолско село и да ја дочекаат Старата Нова година со радост, смеа и добра енергија.
Посетителите на „Василичарскиот карневал“ во Маловишта ги очекуваат автентични маски, традиционална музика, обичаи и добра забава.
Карневалот, што традиционално се одржува на Василица, ја симболизира борбата меѓу доброто и злото, како и желбата за здравје, бериќет и среќа во Новата година.












