На Универзитетот Св. Климент Охридски во тек се уписни активности во првиот уписен рок. Според досега пријавените кандидати и бројот на слободни места, на Универзитетот во Битола ќе има и втор уписен рок.
Од утре 27.08.2026 г. започнува рокот за запишување на средношколците кои во изминатиот период се пријавиле да студираат на еден од фактултетите на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола.
Оттаму информираат дека периодот 18-21.08.2026 на Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола беше резервиран за пријавување на нови студенти на прв циклус студии.
Оваа година се пријавија 891 кандидат, што е за 3% повеќе во однос на ланскиот број од 865 пријавени студенти. Зголемен интерес има за Правниот факултет (+27%), Високата медицинска школа (+25%) и Факултетот за безбедност – Скопје (+13%), а помал број на студенти во однос на ланските бројки има на Факултетот за информатички и комуникациски технологии и Педагошкиот факултет . На останатите факултети бројките се исти или слични како и минатата година.
Сосема извесно е дека УКЛО ќе реализира и Втор уписен рок со пријавување на: 9, 10 и 11.09.2026 , а ќе има и Трет уписен рок која започнува на 23 и 24.09.2026 Прецизните информации може да се најдат на официјалната интернет страница на УКЛО. „На официјалната објава на веб страницата на Универзитетот, покрај Конкурсот за упис за додипломските студии, се известува дека за слободни 2115 места за нови студенти. Од нив 1074 се во државна квота, останатите 612 и 429 се наменети за кофинансирање и вонредни студии.“- информираат од Ректоратот.
Од овој Универзитет се упатува и порака до сите што се заинтересирани да студираат на УКЛО – Со запишувањеато на УКЛО не само што станувате дел од нашето семејството од повеќе од 4000 студенти, туку автоматски и еден од повеќе од 120.000 студенти на COLOURS Европската универзитетска алијанса во која членува УКЛО.











