ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО ДЕЛОВИ НА ГРАДОТ

СВР Битола информира дека утре ( 09.03.2023) во времето од 09.00 – 13.00 часот по повод одбележувањето на годишнина од Холокаустот на подрачјето на Општина Битола ќе се спроведе времен режим на сообраќај  на одредени реони во градот.

„Заради непречено спроведување на активностите предвидни во агендата , Ве замолуваме да се придржувате кон насоките кои ќе ги даваат полициските службеници во делот на сообраќајот.

Секторот за Внатрешни работи Битола апелира за почитување на сообраќајните правила и прописи за безбедно одвивање на собраќајот во дадениот временски период“ стои во соопштението од полицијата.