ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ СО ДОЖД, СНЕГ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР

До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во текот на ноќта ќе преовладува претежно ведро време со слаб до умерен северен ветер.

Утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70км/ч.)

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени. Утринската температура во Битола до 4, а дневнаат до 8 степени.

Во понеделник ќе биде променливо облачно и студено, а наместа повремено ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно и ветровито со утринските температури кои насекаде ќе бидат негативни, а дневните ќе бидат во пораст, стои во информацијата од Управата за хидрометоролошки работи.