Утрово најстудено со -8 степени беше во Берово, -7 Попова Шапка, -6 Маврови Анови, Битола, -4 Крива Паланка, Скопје-Петровец, Струмица, Тетово, -3 Прилеп, Штип, Претор, Демир Капија, Гевгелија, -2 Крушево, Велес, Охрид, Виница, Кавадарци, -1 Скопје-Зајчев Рид.
Времето денеска претежно сончево и малку потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени. Во Битола до 10 степени.












