ТЕРА

REKLAMA???

Утрово земјотрес кај Битола

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово на 24.03.2022 година регистрираше земјотрес 106 км јужно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Битола.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 06 часот и 15 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.8 степени и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола, Ресен и околината.