ТЕРА

REKLAMA???

Утрово се слушнале експлозии кај Киев

Украинските власти денеска известија дека има гранатирање над главниот град Киев и градот Чернихив на северот на земјата, и покрај ветувањето на Москва дека ќе ги намали воените операции во овие градови, пишува Радио Слободна Европа.

Заменик-градоначалникот на Киев, Никола Поворозник, за националната телевизија изјави дека главниот град не бил гранатиран преку ноќта.

„Ноќта помина релативно мирно, со звуци на сирени и пукотници од битките околу градот, но во самиот град немаше гранатирање“, рече тој.

Гувернерот на регионот Чернихив, Вјачеслав Чаус, изјави дека не гледа никакви отстапки во руските напади.

Медиумите јавуваат дека американското министерство за одбрана соопшти дека бројот на руски сили, кои се одалечуваат од главниот град на Украина, не е ни близу до големината на оние кои ги поставиле околу Киев и оти Русија ги продолжува воздушните напади врз градот.

Пенктагон вели дека руските сили кои се репозиционираат се движат кон север, но оти е прерано да се каже која е нивната конечна цел.

Русија вчера соопшти дека ќе ги намали воените операции во Киев и Чернигов со цел да се зголеми меѓусебната доверба и да се создадат неопходни услови за понатамошни преговори. Ова го изјави заменикот министер за одбрана на Руската Федерација, генерал полковник Александар Фомин по руско-украинските разговори во Истанбул.