ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО -3 СТЕПЕНИ ВО БИТОЛА

Утрово -10 степени на Попова Шапка, -7 Претор, -6 Маврови Анови, Крушево, -4 Прилеп, Крива Паланка, -3 Битола, Охрид, Берово, -2 Скопје-Петровец, Дебар, -1 Штип, Виница, 0 Куманово, Демир Капија, 1 Струмица, 2 Скопје Зајчев Рид, Тетово, Дојран,  4 Гевгелија.

Во првиот дел од ноќта беше променливо облачно со засилен ветер најизразен долж Повардарието. Потоа облачноста се намали, а утринава умерен до засилен ветер има на повисоко во Скопската котлина и во источните делови од земјата.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец (со брзина и до 70 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени. Во Битола до 10 степени.