ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО -4 СТЕПЕНИ ВО БИТОЛА И СНЕЖНА ПОКРИВКА ОД 22 СМ

Утрово најстудено со -12 степени беше на Попова Шапка, -7 Маврови Анови, Крушево, -6 Охрид, -5 Тетово, Претор, -4 Битола, Берово, -3 Крива Паланка, -2 Прилеп, Виница, -1 Куманово, Штип, 0 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, 1 Велес, Демир Капија, 2 Кавадарци, 4 Гевгелија.

Во изминатоте 24 часа најмногу наврнат воден талог 22 л/м2 во Пожаране, 21 Крушево, 19 Охрид, Маврови Анови, 15 Тетово, 14 Битола, 13 Претор, 10 Попова Шапка, 6 Виница, 5 Прилеп, 4 Берово, 3 Крива Паланка, 2 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, 1 Штип, Демир Капија, Струмица.

Највисока снежна покривка од 24 см измерена е во Крушево, 22 Битола, 18 Охрид, 14 Маврови Анови, 12 Попова Шапка, 7 Претор, 5 Тетово, 4 Берово, 1 Прилеп.

Времето декеска променливо облачно, ветровито и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 км/час), особено долж Повардарието.

Дневната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени. Во Битола до 5 степени.