Најмалку 6 лица меѓу кои и повеќе ученици, наставничка и припадник на обезбедувањето се убиени денеска во училиштето „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар во Белград, пишува српскиот портал Нова.рс.
Убиството го извршило 14 годишно момче а според информациите на овој медиум, тој со пиштол влегол во една училница каде бил во тек час по историја и отворил оган кон учениците, откако најпрвин смртно ја застрелал наставничката.
Б92 јави дека осум деца, припадник на обездедувањето и професорка се убиени, потенцирајќи дека засега нема официјална потврда.
Ученик од седмо одделение во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград пукал во обезбедувањето и учениците, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.
„Полицијата ги испратила сите расположливи патроли, веднаш излегла на терен и го привела осомничениот малолетник, ученик од седмо одделение, кој, како што се сомнева, испукал неколку куршуми од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на оваа училиште“, велат од Министерството.












