ТЕРА

REKLAMA???

УШТЕ ЕДЕН СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОГОДИ ТАЈВАН

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди округот Хуалиен во источниот дел на Тајван, соопшти метеоролошката управа на островот. Засега нема информации за материјална штета.

Земјотресот, а длабочина од 5,5 километри, ги зафати зградите во главниот град Тајпеј.

Претходно денеска, округот Хуалиен беше погоден од друг земјотрес со јачина од 5,5, но нема извештаи за жртви или материјална штета.

Тајван беше погоден од стотици последователни потреси по големиот земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што го потресе Хуалиен претходно овој месец.

Фото: Архива