Во овој период на структуирање на играчкиот кадар на Победа, на пат за Прилеп уште две засилувања Наумче Бакрачески и Љавдрим Фазлиу .
Бакрачески (25) е играч од средниот ред, а може да игра и во дефанзивата. Последен клуб му беше штипска Брегалница, претходно играше и за Тиквеш, Металург.
Фазлиу (22) е офанзивен играч за врска, кој настапуваше за Пелистер, Работнички и Македонија Ѓорче Петров.












