Американското федерлано било (ФБИ) врши претрес во куќата на американскиот претседател Џо Бајден во Делавер, изјави неговиот адвокат додавајќи дека претседателот соработува во процесот на претрес.
„Се договоривме да соработуваме“, се вели во соопштението на адвокатот на Бајден, Боб Бауер. Во него се додава дека повеќе информации ќе бидат објавени по завршувањето на истрагата.
Претресот во домот на Бајден, како што се наведува, е во рамките на истрагата за можно погрешно ракување со доверливи документи.
Претресот следеше по претресот на домот на Бајден во Вилмингтон, Делавер на 20 јануари, кога агентите пронајдоа доверливи документи и земаа некои од пишаните белешки на Бајден.












