ТЕРА

REKLAMA???

ФИНСКА И ШВЕДСКА ЌЕ ГО ПОТПИШАТ ПРОТОКОЛОТ ЗА ПРИСТАП ВО НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг потврди дека Финска и Шведска денеска ќе го потпишат пристапниот протокол.

„Во вторник ќе го направиме официјалното потпишување на протоколот за пристап со финскиот и шведскиот министер за надворешни работи. Финска и Шведска се суверени нации и тие имаат право сами да го изберат својот пат и да се приклучат на НАТО. Ги поздравивме во нашиот сојуз и секако сме подготвени за секој евентуален случај“, рече Столтенберг, додавајќи дека ставот на Русија кон нордиските земјите кои се приклучуваат на алијансата се доста измешани.

Историските промени за Шведска и Финска дојдоа по руската инвазија врз Украина, како и други агресивни потези на Кремљ во регионот. Јавното мислење во двете земји брзо се сврте во корист на членство во НАТО по инвазијата врз Украина.