Русија го прекинува снабдувањето со електрична енергија за Финска овој викенд, соопшти добавувачот во момент кога се зголемуваат тензиите околу кандидатурата на Хелсинки за НАТО поради воената кампања на Москва во Украина.
„Принудени сме да го прекинеме увозот на електрична енергија почнувајќи од 14 мај, РАО Нордик не е во можност да плаќа за увезената струја од Русија“,соопшти РАО Нордик, подружница на рускиот државен енергетски холдинг Интер РАО.
Финска купува само 10 отсто од електричната енергија од Русија, а дефицитот ќе го компензира со купување повеќе енергија од Шведска и зголемување на производството во Финска.












