Во 29 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 5, 8, 12, 14, 21, 30, 36. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше две шестки, секоја од нив вредна по 223.466,25 денари.
Фондот за седумка за следното коло изнесува 27.732.000 денари.
На џокерот беа извлечени следните броеви: 9, 7, 8, 3, 3, 5. На џокерот добивки со шест и пет погодоци немаше. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци во следното коло на играта џокер е 1.194.000 денари.












