Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го посети украинскиот град Буча, во близина на Киев.
„Овде се случи нешто незамисливо. Го видовме суровото лице на војската на Путин“ истакна Фон дер Лајен.

По руското повлекување, на улиците во Буча беа пронајдени тела на десетици цивили.
Русија ги отфрла наводите дека убила цивили и ја обвини Украина за фалсификување смртни случаи со цел да ги дискредитира руските сили.
Таа на конференцијата во Киев му предаде прашалник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе ја однесе Украина чекор понапред во добивањето кандидатски статус за ЕУ.













