ТЕРА

REKLAMA???

ФОРМУЛА НА ЉУБОВТА – ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ СО НАГРАДА НА ДОМАШЕН ТЕРЕН

Аматерскиот документарен филм, „Формула на љубовта“, минатиот месец се закити со награда на домашен терен, на фестивалот на аматерски документарни филмови „Камера 300“, во организација на Студиото Милтон Манаки Битола, а кој беше дел од прославата на роденденот на градот, 4-ти ноември.

Од 33 пристигнати филмови на овој фестивал, наградени беа неколку, а меѓу нив ГРАН ПРИ наградата „Плакета Милтон Манаки” за најдобар филм на фестивалот ја освои филмот „Формула на љубовта” на авторките Ноела Нечкоска и Рената Петревска-Нечкоска, од Македонија.

Станува збор за мајка и ќерка, битолчанки, при што Ноела е тринаесетгодишна тинејџерка од радиоемисијата за деца и млади „Слушнете неее!” на универзитетското радио УКЛО ФМ. Додека, нејзината мајка Рената е професорка на УКЛО. Заедно, со своите почетоци во радиоемисиите, во соработка со главната и одговорна уредничка на УКЛО ФМ, Соња Тантарова Груевска, како тим од мајка и ќерка веќе преминаа на изработка на документарни филмови. Радиоемисијата „Слушнете неее!” со Ноела на УКЛО ФМ веќе има портфолио од 52 епизоди, а соработници им се деца, млади и оние кои се чувствуваат млади од целиот свет. Изработката на креативни видеа, овој тандем авторки, бележи околу 100-тина видеа, меѓу кои и минатогодишното деби на фестивалот „Камера 300″ со „Креативни иновативни занаети за млади – филигран, накит, модни креации и дизајн”.

Авторките, Ноела и Рената, изработуваат креативни содржини на нов начин, преку тоа што етнографски се вклучуваат во настаните, и како партиципанти, го раскажуваат своето гледиште на нештата. Овој извонреден партиципативен документарец го доловува гледиштето на младата девојка за тоа што се случува на летниот научен камп за исклучителни студенти со нејзината мајка, академски ментор на него. Таа се придружува со уште една девојка и нивниот впечаток е дека сит студенти, тренери, наставници, практикуми, лабораториски вежби и
личности се всушност инструментални елементи за наоѓање на формулата за љубовта!

Самиот камп се состои од разновидност на научници, поети, актери, дисциплини, кои се поканети да учествуваат во оваа експериментална опортунистичка креација. Со објективот на пронаоѓање на формулата за љубов, сите настани/интервјуирани некако соработуваат со девојките за да го најдат заедничкиот именител, дека не е само нивната фантазија, но може да биде вистинска потрага, ако некој сака.

Видеото отелотворува различни јазици на Балканот (македонски, српски, црногорски, англиски, како и невербални современи симболи и визуелни елементи). Поентата е дека сите се разбираат на универзален јазик. Преку прикажување на различните аспекти на љубовта, девојките заклучуваат дека не ја нашле точната формула (бидејќи е сложена и различна за секого), туку зачекориле на патот да ја најдат и откриле важните „состојки”.

Авторките изразуваат благодарност за инспирацијата до организаторите и сите учесници од Црна Гора, Македонија и Србија, на Летната школа на науката на ПРОНА, Црногорската фондација за промоција на науката, како и на контрибуторите: кинематограферот Владимир Вучиниќ и неговата ќерка Ксенија Вучиниќ актерот Вук Челебиќ режисерот Огњен Радуловиќ, учесникот Вељко Мирковиќ а за насловната песна благодарат на Здравка Мирчевска и Весна Малинова, М-СОЛ Рекордс

ГРАНД ПРИ НАГРАДЕНИОТ ФИЛМ ФОРМУЛА НА ЉУБОВТА НА АВТОРКИТЕ НОЕЛА НЕЧКОСКА И РЕНАТА ПЕТРЕВСКА НЕЧКОСКА, ПРОДОЛЖУВА НИЗ ЕВРОПА. ИМЕНО, ФИЛМОТ ВЛЕЗЕ ВО ОФИЦИЈАЛНАТА СЕЛЕКЦИЈА НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ БАНЕФФ, КОЈШТО ВО СТОКХОЛМ, ШВЕДСКА, ОД 19-21 ДЕКЕМВРИ, ЌЕ ГИ ПРЕТСТАВУВА НАЈНОВИТЕ ФИЛМОВИ ОД БАЛКАНОТ.

Кино публиката може да запознае возбудлива мешавина од новопродуцирани, шведски премиери, повремени класици и чисти документарни филмови, како и интересни гости и серија панели на кои се дискутира за трендовите во филмската продукција на Балканот. Под балканскиот регион мислиме на сите балкански земји, но и земји надвор од Балканот чии филмски приказни може да се однесуваат на Балканот. BaNeFF создава повторлива можност за шведската публика да го продлабочи своето запознавање со нови интересни филмови од Балканот. Потоа фестивалот оди на турнеја. ги прикажа сите кина во Вестерас, Упсала, Умеа, Норшепинг, Ваксјо, Лунд, Естерсунд и Стокхолм, како и во НОРВЕШКА, Осло и Берген.