Денес во Ресен традиционално се одржа Бадниковата поворка која го најави Христовото раѓање во која учествуваа голем број на верници, особено деца, кои ги пееја бадниковите песни.
Поворката започна со собирање на учесниците пред храмот св.”Кирил и Методиј” од каде што започнаа да го носат Бадњакот, па и покрај дождливото време продолжи низ улиците околу храмот.
Сите учесници заедно со свештенството со молитвите ја најавија Божиќната празнична вечер.
За многу години Бадник!















