Денес за кошаркарите на Пелистер од Битола со заеднички ручек и официјално заврши оваа кошаркарска сезона.
Присутни беа сите кошаркари на Пелистер, стручниот штаб предводен од Марјан Илиевски, спортската структура на чело со Мартин Јовановски и Кирил Димитровски, клупскиот преттставник Димитар Богоевски.
Кошаркарите и управата си посакаа добар одмор по напорната сезона, но и брзо видување, на првата прозивка во Битола, кога ќе ја започнат новата борба на неколку кошаркарски фронта, во домашното првенство и Куп и на две меѓународни натпреварувања.












