ТЕРА

REKLAMA???

ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ УТРЕ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ, ЌЕ СЕ ОБРАТИ И ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЕК УСРУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре ќе се обрати на собраниската седница на која собранието треба да расправа за „францускиот предлог“. Собранието за в четврток во 13:30 ја закажа седницата на која пратениците треба да расправаат за францускиот предлог.

Како што може да се види од информациите на собраниската веб-страница закажана е 81. седница со единствена точка на дневниот ред – Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година.


Претходно, претседателот на Парламентот Талат Џафери ја закажа 80-тата седница на Собранието за в четврток во 13 часот, но во дневниот ред стои само:

„На оваа седница на Собранието на Република Северна Македонија ќе се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен“.

Владата, според барањата од координација во Собранието, вчера попладне достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.

Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите пратеници.