ТЕРА

REKLAMA???

ХРИСТИЈАНИТЕ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

Голем број верници синоќа ги исполнија храмовите во Битола, во очекување на најрадосната вест за Воскресението Христово.

И плоштадот „Магнолија“ беше претесен. Граѓаните со свеќи враце и велигденски јајца ја дочекаа веста за Христовото Воскресение.

Оваа година, Велигден, покрај православните, на ист ден го слават и католичките верници.