ТЕРА

REKLAMA???

ХРИСТИЈАН ГРОЗДАНОВСКИ УШТЕ ЕДНО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР

Пелистер е еден од најактивни клубови во летниот преоден рок. Новото раководство на клубот се пофали со ново квалитетно засилување.

Битолскиот клуб денес го ангажира Христијан Гроздановски, досегашниот стопер на Воска Спорт, претходно член и на Работнички и Силекс. Претходно за „зелените“ потпишаа Благоја Љамчевски, Бурхан Мустафов, Илче Петровски и Филип Миленковски.

Пелистер најавува големи амбиции за следната сезона во ВМФЛ и напад на првите две места кои ќе водат во елитата, каде што на битолската фудбалска гордост и му е местото.