ТЕРА

REKLAMA???

ЦЕНИТЕ РИПНАА, БИТОЛЧАНИ ВЕЛАТ ГОСПОД ДА НИ Е НА ПОМОШ

Утрово се разбудивме со 45, а сон не не фати заради 107 денари. Ова се коментарите на дел од битолчани по ценовниот шок. Откако завршија антикризните мерки, односно владата не ги продолжи мерките, утрово нови цени на основните производи. Во продавниците низ Битола лебот се продава по нови цени повисоки и до 10 денари.

Така сега цената на белиот леб се движи од 38 до 45 денари.Во продавниците велат дека има поскапување и на маслото и на другите прозводи за 5-6 денари. Граѓаните загрижени од зголемувањето на цените, незнаат како ќе врзат крај со крај. Ако денес е почетокот далеку е крајот на месецот.  

За некои пак покачувањето на цените било очекувано.

Во изминатите три месеци, ДДВ-то за лебот, брашното тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко, оризот и јајцата беше намалено од пет на нула проценти, а на предлог на Министерството за економија беше донесена и одлука за намалување на трговските маржи. Како дел од 26-те антикризни мерки беа и намалувањето на акцизите и на ДДВ-то од 18 на 10 проценти на енергенсите.